Лоцирана најблиската црна дупка до планетата Земја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Астрономите открија црна дупка која се наоѓа во досега најголема забележана близина до планетата Земјата, оддалечена илјада светлосни години од нас.

Иако црната дупка не е видлива како таква, нејзината локација ја откриле две светли sвезди. Овие sвезди можат да се видат со голо око од јужната хемисфера во мрак на јасно небо, се разбира со силен телескоп.

Црните дупки се места во просторот од кои дури и светлината не може да излезе заради силната гравитација.

Кога астрономите го проучувале со coѕвездието Телескопиум, забележале дека и се потребни на sвезда 40 дена да орбитира околу скриен предмет. Втората sвезда е поставена маѓу првата ѕвeзда и црната дупка.

Ова беше забележано со телескопот MPG / ESO 2.2 од опсерваторијата Ла Сила на опсерваторијата на Јужна Европа во Чиле.

Откритието е опишано од астрономите во списанието Astronomy & Astrophysics.

„Бевме изненадени кога сфативме дека ова е првиот sвезден систем со црна дупка што може да се забележи со голо око“, вели коавторот на студијата Петр Хадрава од Чешката академија на науките во Прага.

Бидејќи црната дупка нема силна интеракција со околината, не е видлива. Затоа, само проучувањето на орбитата на ѕвездите укажа на нејзиното постоење.

„Невидлив предмет на маса најмалку четири пати поголема од Сонцето може да биде црна дупка“, вели Томас Ривиниус, водач на студијата и научник во Европската јужна опсерваторија.

Со текот на годините, астрономите пронашле десетици црни дупки на Млечниот пат. Овие дупки го откриваат нивното присуство преку насилни интеракции со околината и емисија на видливо зрачење.

Ова ново откритие на тивка црна дупка би можело да биде првото од многуте, велат научниците кои веруваат дека во животот на нашата галаксија многу sвезди пропаднале и создале црни дупки.