Home Спорт Лоши вести за Барселона пред реваншот со Челзи

Лоши вести за Барселона пред реваншот со Челзи

Шпанските медиуми пренесуваат дека десниот бек на Барселона, Нелсон Семедо ќе паузира пет недели поради повреда на задната ложа.

Португалецот беше принуден да ја напушти играта на натпреварот против Џирона, а Барселона денеска во своето официјално соопштение за јавноста потврди дека тој ќе мора да направи пауза од пет недели.

Тоа значи дека Семедо нема да биде подготвен и ќе го пропушти дербито против Атлетико Мадрид следната недела, како и реваншот против Челзи во рамките од Лигата на шампионите на 14 март на „Камп Ноу“.

Семедо, во најдобар случај, би можел да биде подготвен за гостувањето кај Севиља закажано за први април, после репрезентативната пауза

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…