Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лоши соништа
Постои еден човек што сè знае за нас.
Постојат хартии во кои пишува што сме згрешиле.
Постојат компјутери што со наши имиња ги хранат.
Постојат пресуди што судовите веќе ги решиле.
Постојат фотографии на кои веќе нè нема.
Постои една жена што се преправа дека нè заборавила.
Постои една пратка за нас што ја зема
раката која не ги почитува поштенските правила.
Постојат луѓе што по нас на улица се вртат.
Постои пријател што без поздрав нè одминува.
Постојат скали што под непознати чекори чкртаат.
Постојат соништа што денот не ги расплинува.
Влада Урошевиќ