Лоши прогнози за викендов: Циклонот Бруно доаѓа кон Македонија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За време на овој викенд ќе го почувствуваме влијанието на првиот есенски циклон Бруно, вели метеорологот Славчо Попоски.

Во сабота во попладневните часови веќе ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и засега особено ќе ја има особено на северозапад и запад и тоа на планинските места и во оние населени места кои се во близина на планините додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Слични температури ќе имаме и во недела меѓутоа од попладневните часови на повеќе места ќе се развива нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови и за поинтензивни атмосферски процеси кои би можело да бидат застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, електрични празнења, силен ветер и појава на град.