Лошата страна на Дедо Мраз: Контроверзна реклама ги разлути руските жени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новогодишната реклама која беше прикажана на една руска национална телевизија, а на која Дедо Мраз е претставен како казнува една вработена мајка, предизвика бурни и жестоки реакции на социјалните мрежи и прашања од типот дали ова е напад врз вработените жени?

Московската кредитна банка ги шокираше вработените жени ширум светот со својата нова реклама, на која се гледа како Дедо Мраз на една вработена мајка и „одржа лекција“, бидејќи не минува доволно време со својата ќерка.

Меѓу другото, на рекламата Дедо Мраз ја води во шума мајката, ја врзува со јаже и така ја влече со километри, ја води преку опасен и нестабилен мост, но и преку мочуриште.

Феминистката Анастасија Каримова напиша на социјалните мрежи дека е очигледна пораката од оваа реклама дека успешната жена не може да биде и добра личност.

„Имаме и едно прашање: Каде е таткото?“, вели таа.

Алена Попова од организацијата StartUpWoman исто така ја осуди рекламата. – Од каде ви е тоа дека вработените мајки се лоши мајки? Каде најдовте такви податоци? Русија е земја на вработени мајки, напиша таа.