Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите веќе знаеме дека недостатокот од вежбање, лошата исхрана, пушењето и алкохолот можат да доведат до срцеви проблеми. Новото истражување покажа дека и галамата е важен сегмент во развојот на таквите потешкотии. Луѓето кои се изложени на бука имаат зголемен ризик од развивање најчесто на срцева аритмија, фибрилација атрија, заклучиле експертите од Универзитетот во Мајнц. Звукот на авионот е меѓу оние кои најмногу вознемируваат.
Студијата спроведена на повеќе од 15.000 луѓе кои биле изложени на разни видови бука во текот на денот и ноќта покажа дека до 23% од лицата страдале од аритмија како последица од екстремна бука. Без бука таа бројка била помала за 8%,
Покрај патиштата, железницата и буката од соседството, буката од авионот е сместена во оние кои најмногу ги вознемируваат луѓето. Буката од авионот во ден била посебно вознемирувачка за 84%, а навечер за 69% од испитаниците во истражувањето.
Претходните студии покажале дека еден од три проценти од луѓето страдаат од фибрација атрија.
„Ова е затоа што изгледите за појава на срцева аритмија се зголемуваат со годините“, вели кардиолог, Томас Мунзел.
На почетокот на студијата, пред 10 години, учесниците на истражувањето имале помеѓу 35 и 74 години и во текот на студијата станале ранливи, објаснува Мунзел.