Лоша повреда го принуди Зверев да го предаде полуфиналето – Надал е прв финалист на Ролан Гарос (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал е прв финалист на Ролан Гарос откако Александар Зверев заработи незгодна повреда на скочниот зглоб на десната нога и го предаде мечот во вториот сет.

Публиката во Париз уживаше во епска борба помеѓу Рафаел Надал и Александар Зверев, три часа се играше извонреден тенис, но шоуто беше расипано кога Германецот доживеа незгодна повреда.

Александар Зверев лошо го извитка скочниот зглоб на десната нога и го предаде мечот во вториот сет при резултат 6-6. Откако доби лекарска помош, со патерици се врати на теренот за да ги соопшти лошите вести и да се поздрави со публиката.

Рафаел Надал, кој го доби првиот сет по тај-брејк, се пласираше во ново финале на Ролан Гарос и ќе се бори за 22-риот гренслем трофеј во кариерата.