Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Инофрмациите поврзани со моментално најактуелната и најскапа љубовна афера која го тресе западниот и светски шоубизнис свет не престануваат да излегуваат на површина.
Се откриваат сè повеќе информации за тоа дека водителката Лорен Санчез била прекален „ловец на милијардери“ и како успеала да го „улови“ сопственикот на гигантот „Amazon“, Џеф Безос, најбогатиот човек на светот.
Таа е снимена како со хеликоптер слетува на аеродром во Калифорнија. Очигледно, 49-годишната Лорен не е загрижена за информациите дека неколку години го ловела Безос и неговото богатство проценето на 140 милијарди долари, и тоа додека била мажена за холивудскиот магнат Патрик Вајтсел.
„Тоа е маж што ми треба” , изјавила Лорен откако пред неколку години заедно со сопругот го запознала Безос во Сиетл. Таа од секогаш сакала богати мажи, зашто многу трошела, тврдат нејзините поранешни пријателки.
Знаела да потроши и 12 000 долари во еден ден и тоа само на чевли. И рекла на пријателката дека мажот и го има смотано околу малиот прст и дека ништо не и забранува.
Очигледно, тоа било малку зашто минатата недела Безос објави дека се разведува со сопругата по 25 години брак. Причина за разводот е токму Лорен, со која веќе извесно време биле во љубовна врска, иако и Лорен е мажена.