ЛОПОВЛУК, ПОЛИЦИЈА, БЕОГРАД, МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Приказна за белграѓани кои заглавиле во македонските бирократски лавиринти само затоа што сакале да пријават грабеж на нивото возило во центарот на Скопје.

„Ми се јавуваат вчера мои пријатели од Белград кои деловно доаѓаат во Скопје да се консултираат каде добро може да ручаат во Скопје.

Им препорачав неколку места за ручек, меѓутоа бидејќи биле неколку и затворени поради годишните одмори отишле во Дукат кои исто така беше еден од препопорачаните. Ми се јавија луѓето после тоа, беа воодушевени од храната, амбиентот, просто беа импресионирани …
Си ги завршија своите обврски со состаноците, и паркирани на паркинг место позади Мериот, си ги ставиле торбите во гепек, и решиле да испијат по едно кафе, на плоштад и правец Белград… Се враќаат во кола, установуваат дека задното лево стакло им е разбиено и дека од Гепекот ги нема двете торби полни со деловни документи, лап топови, телефони, диск со приватни слики, и видео снимки…

Одат во оближнио хотел Ибис и ги замолуваат да пријават во полиција, полицијата им вели ке дојде патрола за 15 минути, после 15 минути патролата не доага се јавуваат уште еднаш и им велат само што не стигнале….После 50 минути, едно од лицата се јавува на телефон во полициската станица да праша уште еднаш, а од таму му ја спуштаат слушалката…После повеќе од сат и 20 минути доаѓаат полицајците и во следните сат и половина следи испрашување, земање записници, евидентирање на украдените работи, и тие повикуваат да дојдат форензичари…

На крајот прикаската завршува со објаснување од инспекторот да утре после 07:30 луѓето треба да дојдат во полициската станица и да земат потврда за украдениот пасош и обиената кола за преоѓање преку граница.
Луѓето одат во полициска станица, а таму им велат ,,Вашиот записник не е направен,, неможеме да Ви дадеме потврда, тоа дури после две недели,, човекот изнервиран и изреволтиран почнал да се расправа со сите во полициската станица, и почнале полицајците да вртат телефони, на крајот му рекле да оди во банка да уплати на уплатница 100 денари. Човекот оди во банка и чека ред за да уплати 100 денари, дава лична карта, и бидејќи не живее со години во Македонија, му велат неможе да платите Вие овде, треба да ја обновите сметката, човекот револтиран излегува од банката и оди во друга банка, чека и доаѓа на ред…Му велат како плаќате со картица или во готово, со картица вели, и дава картица а госпоѓата му вели, неможе да платите со странска картица…На крајот им плаќа во евра и завршува работа…

Додека го пишувам текстот тие уште чекаат да им ги дадат потврдите од полициската станцица….
Ме замолија да го пренесам следното до оној кој го направил тоа храбро дело синоќа:

Здраво Храбри Човеку,

Ти кој во бел ден си собрал храброст и си се потрудил да го разбиеш стаклото на колата, за да ги украдиш двете торби кои ги ставивме во колата, сакаjќи да испиеме кафе и да го заокружиме овој убав ден во Скопје.

Меѓутоа, сигурно ти си имал поголема мака од нас и си сметал дека ќе профитираш на брзина од твојот бизнис модел кој си го реализирал веднаш.

Бидејќи пари не си нашол, или барем не толку колку те прават среќен, претпоставуваме дека тебе ништо не ти значат телефоните и лаптоповите кои никогаш нема да ги отклучиш, ама нас ни требаат затоа што таму имаме спомени со нашите фамилии и тие слики и видеа ни се потребни нам, а тебе најверојатно ти требаат пари кои за тие работи нема да можеш да добиеш.

Патем торбата која е украдена е поклон од драги луѓе кои тебе исто така ништо не ти значи. Имаме предлог за тебе, јави се на овој број и кажи каде да ги превземеме торбите, а ти ќе добиеш награда од 500 евра, затоа што ти и заслужуваш награда за таа твоја храброст, патем нема да бараме ни никаква твоја одговорност со ветување дека во понатамошниот тек овакви дела нема да правиш.

Доколку во рок од 48 сати не се јавиш и не ги вратиш украдените работи тогаш полицијата ќе добие донација од 1000 евра да го реши овој случај а ти ќе завршиш во затвор бидејќи таму треба да бидеш.

Уште една работа која е многу важна, едно детенце кое е на сликите во телефонот и на дискот е она детенце кое го замоли Новак Џоковиќ да ја испее Македонско девојче пред две недели, со кое задоволство цела Македонија и дури Зоран Заев му се заблагодаруваа јавно на Новак за тоа што го направил. Еве Ви вам шанса да Македонија може на тоа детенце да му се одолжи многу брзо за сите позитивни емоциии кои и ги подари на Македонија,,

Е па драги Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, ајде да го најдеме тој криминалец и да покажеме дека Македонија е земја во која впечатокот за криминалците не треба да биде впечаток изнесен од Македонија.

Драги медиуми нашите гости би биле благодарни доколку помогнете да ова стигне до што повеќе граѓани.“