Спорт

Лопетеги си го носи својот миленик во Реал Мадрид

Новиот тренер на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги сака да го доведе во својот тим напаѓачот на Валенсија, Родриго Морено, пренесуваат шпанските медиуми.

Заминувањето на Кристиано Роналдо и несигурната иднина на Карим Бензема и Герет Бејл отвараат многу простор во нападот на „кралскиот“ клуб.

Лопатеги сака да го донесе Родриго, независно од тоа дали Перез ќе успее да донесе некоја супер-ѕвезда во нападот или не. Тој соработуваше со него во репрезентацијата и смета дека ќе биде одлична алтернатива во нападот.

Валенсија за слободата на својата ѕвезда сака да биде платена откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра, сума која „кралевите“ секако не се спремни да ја платат.

Интересно е тоа што Лопатеги и Родриго имаат ист менаџер, а станува збор за супер-агентот Жорге Мендеш.

Advertisements
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top