Лопетеги конечно проговори зошто не игра Модриќ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид после синоќешната победа над Џирона откри зошто во првиот тим го нема Лука Модриќ и овосезонското засилување Тибо Куртоа.

Одредени шпански медиуми тврдат дека Лука Модриќ ќе биде најголема жртва на тактиката на Лопетеги. Хрватот беше на клупа на сите три официјални натпревари оваа сезона за „кралевите“.

„Лука и Варан и се приклучија на екипата подоцна, бидејќи играа во финалето на СП. Нема потреба со брзање за враќање. Имаме одлични алтернативи, остатокот од екипата е исклучително цврст, а тоа е најважно. Ќе се вратат Модриќ и Варан кога ќе бидат во оптимална форма. Не сум воопшто загрижен“, изјави Лопетеги.

Тој мораше да објаснува и зошто му дал предност на Навас во однос на Куртоа.

„Станува збор за ситуација која можеби за лаиците не е така разбирлива, но е доволно едноставна да се објасни. На позицијата голман имам две одлични решенија и во пресрет на секој натпревар ќе одлучувам кој ќе застане на голот. Кејлор против Џирона бранеше одлично, што значи дека сме донеле добра одлука. Конкуренцијата не прави посилни“, изјави Лопетеги