Лондон планира да ги забрани овие реклами во градскиот сообраќај


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лондонскиот градоначалник Садик Кан изјави дека британската метропола планира да ги забрани рекламите за брза храна во системот од јавниот градски сообраќај во рамки на борбата против појавата на дебелеењето кај децата.

Скоро 40 насто од децата на возраст помеѓу 10 и 11 години во Лондон се полнички или дебели, покажаа резултатите од истражувањето кое беше спроведено на барање на британскиот парламент.

„Дебелината кај лондонските деца е темпирана бомба и јас одлучив да делувам. Ако сега не преземеме храбри чекори и потези, тоа лошо ќе се одрази на младината и тоа ќе значи уште поголем притисок на здравствениот систем“, изјави Кан.

Забраната ќе се однесува на прехранбените ланци чии производи содржат високо ниво на штетни масти, сол и шеќер, како што е случајот со МекДоналдс. Рекламирањето на храната и пијалоците инкасираа околу 20 милиони фунти во транспортниот систем во Лондон во текот на финансиската 2016/2017 година.