Advertisements
Актуелно

Лондон го тресат масовни протести против Доналд Трамп

Посетата на претседателот на САД, Доналд Трамп, на Велика Британија, во британската престолнина Лондон предизвика бура од незадоволство и револт изразени со масовни протести на улиците насочени против американскиот лидер.

Доналд Трамп на вториот ден од државната посета, на кој на дневен ред се политички разговори, ѝ вети на Велика Британија обемен трговски договор по излезот на земјата од ЕУ. „Мислам дека ќе постигнеме многу, многу супстанцијален трговски договор, тоа ќе биде исклучително фер спогодба“, изјави Трамп на почетокот на неговата средба со британската премиерка Тереза Меј и економски претставници во Лондон. Трамп ѝ се заблагодари на Меј, која тој инаку постојано ја критикуваше за од негов аспект премлакиот Брегзит-курс, за нејзината „фантастична“ работа како премиерка. „Не ги знам деталите за Вашата временска агенда, но продолжете, овозможете го нашиот дил!“, истакна Трамп – доколку дојде до Брегзит, тоа би значело потесни врски меѓу САД и Велика Британија, пренесува Дојче Веле.

Трамп предизвика револт во земјата домаќин поради јавното врбување за Брегзит и за Борис Џонсон како наследник на Тереза Меј, што е против основните дипломатски правила. Меј пред една недела ја најави својата оставка како претседател на Конзервативната партија за 7 јуни. Претходно, таа трипати доживеа неуспех во изгласувањето на договорот за Брегзит кој го постигна со ЕУ. До крајот на јули Меј треба да ја напушти и премиерската функција, а покрај тврдолинијашот Џонсон аспирираат повеќе кандидати.

На денешните протести под мотото „Карневал на отпорот, се очекуваат околу 250.000 луѓе, организаторите го критикуваат Трамп за сексизам и расизам. Како говорник е пријавен дури и лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, кој во знак на протест отсуствуваше, и покрај поканата, на свечениот банкет кој синоќа кралицата Елизабета Втора го приреди во Бакингамската палата за американскиот претседател и неговата сопруга Меланија.

Трамп пак ги смета своите односи со Велика Британија за добри, убеден е дека и покрај протестите, тој е омилен во земјата.Поради шкотските корени на својата мајка и поседувањето два терена за голф, тој смета дека има потесни врски со Велика Британија од кој било друг американски претседател во минатото.

Advertisements

Најпопуларно

To Top