Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Малезиската полиција соопшти дека жена од Виетнам е приведена на аеродромот во Куала Лумпур во рамки на истргата за смртта на полубратот на лидерот на Северна Кореја Ким Јон ун, јави новинската агенција Бернама.
Ким Јонг нам (45) почина во понеделникот откако се онесвестил на аеродромот во Куала Лумпур, каде чекал да се качи на авион за Макао, каде живее во егзил. Најверојатно е отурен, но се чекаат детали од истрагата. Малезиската полиција соопшти дека за убиството се осомничени две жени и четворица мажи.
Една од жените наводно држела марамче на неговото лице додека другата го испрскала со отров, изјавил неименуван претставник на полицијата.
Една од осомничените жени е затекната на аеродромот со виетнамски пасош и полицијата претпоставува дека била оставена од останатите соучесници во убиството, Виетнамци и Севернокорејци.
Идентификувана е откако е регистрирана на безбендосните камери со маичка на која пишувало LOL (кратенка од англиската фраза се смеам гласно).
Заедно со неа приведен е и таксистот кој ја возел заедно со другата осомничена.
Се претпоставува дека двете жени се агентки на тајна задача со цел да го елиминираат братот на северокорејскиот лидер.
Ким Јонг нам избегал од земјата по егзекуцијата на вујкото на лидерот Ким Јонг ун, Џанг Сок таек. Се до 2001 година сите мислеле дека токму тој ќе го наследи татко им.
Како што наведуваат јужнокорејски извори, Ким Јонг нам е познат како критичар на политиката на неговиот полубрат и се залагал за реформи. Врз него во 2012 година е извршен неуспешен атентат.