Логопедите алармираат: Сè повеќе деца имаат проблеми со говорот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повторување на гласови, слогови и зборови во изразувањето на детето се некои од симптомите кои можат да бидат знак за појава на пелтечење кај децата.

Логопедите обајснуваат дека станува збор за голем проблем за кој не се третира правилно може да биде доживотен. Пелтечењето не само проблем со говор, туку состојба која носи и други проблеми од емотивна природа. Многу често оваа категорија на деца може да биде и предмет на јавно на вербално врсничко насилство.

Не само пелтечење, и други проблеми со говорот се редовни постетители во Центарот за говор и слух. Логопедите велат дека бројот се зголемува,а а она што е потребно е зголемување на вработувањето на овој кадар. Една од причините е поминувањето до времето на телефони, без да се потикнува детето да зборува.

Најпотребен кадар е во градинките, каде навреме ќе се детектира проблемот. Најчесто во сите градинки има само еден логопед.