Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Додека многумина не само што не можат да најдат позитивна страна во студениот бран и опасно ниските температури кои ја тресат Европа изминатиов период, граѓаните на Амстердам најдоа начин се забавуваат и во такви услови, користејќи ги замрзнатите канали за лизгање и забава.
More skating on the canals this afternoon. Crazy times in #Amsterdam #canalliving pic.twitter.com/5KqJHjH8N8
— jim butler (@TheSCAuthority) March 2, 2018
Каналите се целосно замрзнати поради екстремно ниските температури, па луѓето ги користат како лизгалишта. Ова е прв пат да се случи ова во последните шест години.
Сепак, не е се така розово и во Амстердам. Локалните медиуми известија дека двајца лизгачи завршија во болница откако се обиделе да се лизгаат на мраз кој не бил доволно цврст да ја издржи нивната тежина, па пропаднале во ладната вода.
A rare sight today: people ice skating on the canals of Amsterdam. ❄ pic.twitter.com/ODfUdgjaBh
— Gosse Bouma ? (@Gosserd) March 2, 2018