Ливерпул замина во Дубаи без Кутињо – Бразилецот утре на „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трансферот на Филипе Кутињо во Барселона е само прашање на часови. Според „АС“ Бразилецот може уште вечерва да пристигне во Каталонија и утре да биде на „Камп Ноу“ за време на натпреварот Барселона – Леванте.

Англиските медиуми исто така се согласни дека зделката ќе биде финализирана овој викенд. Трансферот ќе биде во вредност од 142 милиони фунти (160 милиони евра), а моментално се преговараат последните детали, односно начинот на плаќањето.

Кутињо го пропушти вчерашното дерби против Евертон, а денес не отпатува со остатокот од тимот во Дубаи. По традиција Клоп го води тимот на краток одмор во топлите краеви.

„Црвените“ ќе останат неколку дена во Дубаи каде ќе се подготуваат за дербито со Манчестер Сити кое се игра на крајот на следната недела.