Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за играчот на Милан, Сусо.
„Црвените“ веќе подолго време ги следат настапите на Шпанецот е сакаат да го вратат на „Енфилд“, каде понина четири години.
24-годишниот Сусо токму од Ливерпул дојде во Милан како слободен играч во 2015 година, но во последните две сезони буквално „експлодираше“ и се етаблираше во еден од најдобрите офанзивни играчи во Серија А.
Клоп е голем симпатизар на неговата игра и смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот тим. Наводно „црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му понудиле бигат четиригодишен договор.
Милан не сака да се радели со Шпанецот, но проблем за „росонерите“ е откупната клаузула во неговиот договор која изнесува 40 милиони евра.
Ливерпул е спремен да ја плати таа сума, па сега се е во рацете на Сусо и се чека неговата одлука.