Ливерпул ремизираше со Спортинг, голем кикс на Мињоле (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Европскиот шампион Ливерпул не успеа да победи ни на третиот пријателски натпревар во претсезоната и овој пат ремизираше со Спортинг Лисабон (2:2).

На „Јенки Стадиум“ во САД, Португалците први поведоа преку својата најголема ѕвезда Бруно Фернандеш и тоа после голема грешка на голманот Мињоле.

Потоа Ливерпул направи пресврт со головите на Ориги и Вијналдум, а конечниот резултат го постави Вендел.