Ливерпул против Евертон во ФА Купот, Алиоски против Арсенал


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Синоќа се одржа ждребот за 1/32-финалето на ФА Купот. Од оваа фаза, екипите во Премиер лигата ќе бидат вклучени во трката, а најинтересниот дуел ќе биде помеѓу градските ривали Ливерпул и Евертон.

Ждрепката не беше поволна и за Манчестер Јунајтед, кој ќе гостува кај Вулверхемптон. Минатата сезона токму „волците” ја елиминираа екипата на Оле Гунар Солскјер во четвртфиналето, откако победија со 2:1.

Носителот на трофејот, Манчестер Сити ќе биде домаќин на Порт Вејл, Тотенхем ќе се соочи со Мидлзборо, Челзи ќе го пречека Нотингем Форест, а Арсенал ќе ги одмери силите со Лидс на Алиоски.

Сите парови:

Челзи – Нотингем Форест
Фулам – Астон Вила
КПР – Свонси
Лестер – Виган
Чарлтон – Вест Бром
Вулверхемптон – Манчестер Јунајтед
Рочдејл / Бостон Јунајтед – Њукасл
Оксфорд – Ексетер / Хартлепул
Сити Кардиф – Форест Грин / Карлајл
Шефилд Јунајтед – Филд
Саутемптон – Хадерсфилд
Ливерпул – Евертон
Бристол Сити – Шрезбери
Борнмут – Лутон Таун
Брајтон – Шефилд Вензди
Бристол Роверс / Плимут – Ковентри / Ипсвич
Истли / Кру – Барнсли
Манчестер Сити – Порт Вејл
Мидлзборо – Тотенхем
Арсенал – Лидс
Гилингем – Вест Хем
Бартон Албион – Нортемптон
Бирмингем Сити – Блекбурн
Барнли – Питерборо