Ливерпул призна: Титулата во Премиер лигата е приоритет!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сопственикот на Ливерпул, Џон Хенри, истакна дека освојувањето на титулата во Премиер лигата следната сезона е приоритетна цел за клубот.

Минатата, Ливерпул по шести пат го освои трофејот во Лигата на Шампионите, но во Премиер лигата заврши на второто место и ја загуби биртката за титулата со Манчестер Сити.

„За мене титулата во Европа е повеќе од победа во Премиер лигата, но навивачите имаат право да сакаат да го освоиме домашниот шампионат. Тоа е причината зошто ние ќе се фокусираме на Премиер лигата во новата сезона“.

„Не е моја работа, но мислам дека следната сезона ќе го гледаме Дивок Ориги повеќе на теренот. Тој дава нешто различно од тимот – сила, брзина, голови. Генерално, имам многу позитивни очекувања“, истакна сопственикот на Ливерпул.