Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со доаѓањето на Јирген Клоп на кормилото на Ливерпул овој тим поминува низ голема транзиција и реконструкција, а германскиот страгет најавува во следните години враќање на самиот врв на англискиот и европски фудбал.
Отварањето на летниот преоден рок е многу блиску, па секојдневно медиумите не бомбардираат со нови трансфер вести и шпекуации, а во меѓувреме се појави информација дека Ливерпул ќе биде многу активен на трансфер пазарот.
Клоп избори пласман во Лигата на шампиони следната сезона, па тимот има потреба од квалитетни засилувања, а медиумите ги открија имињата на фудбалерите кои Германецот по секоја цена сака да ги донесе на „Енфилд“.
Прва мета е дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк кој е еден од најдобрите во Премиер лигата. Холанѓанецот има договор до 2022 година, а Саутемптон за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која „црвените“ се спремни да ја платат.
За да го засили средниот ред Клоп ќе се насочи кон Бундес лигата, поточно во Лајпциг од каде сака да го доведе најголемото откритие оваа сезона во германската лига – Наби Кеита. Тој има 22 години и игра на позицијата централен играч за врска, а германскиот клуб за неговата слобода бара 25 милиони евра.
Шопингот на Клоп ќе заврши во Рим од каде сака да го донесе крилниот напаѓач, Мохамед Салах. Наводно „црвените“ веќе испратиле понуда од 32 милиони евра, но истата била одбиена од страна на „волчицата“.
Сепак, Ливерпул нема да се откаже и во наредните денови е спремен да испрати подобра понуда, а медиумите тврдат дека репрезентативецот на Египет веќе се договорил со „црвените“.