Спорт

Ливерпул оствари добар профит – Клоп ќе има голем буџет

Ливерпул успеаа да направи тотален пресврт во финансиското работење и од загуба од 21 милиони фунти во 2016 година, минатата календарска година направија нето-профит од 39 милиони фунти, најмногу благодарение на новиот договор за телевизиски права во Премиер лигата.

Вкупниот приход на Ливерпул во календарската 2017 година изнесува 364 милиони фунти. Клубот доби 154 милиони фунти од договорот за телевизиски права од Премиер лигата, а продаде и уште неколку играчи кои беа „пречкртани“ од тренерот Јирген Клоп.

Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените“ на лето ќе имаат голем буџет за трансфери, а примарна цел е голманот на Рома, Алисон.

Големи се шансите дека во лето тимот ќе го загуби Емре Чан, еден од најважните играчи од средината на теренот, па затоа сопствениците се спремни да го „одврзат ќесето“ и да донесат неколку нови играчи, кои би го направиле Ливерпул конкурентен во сите натпреварувања.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top