Ливерпул со официјално соопштение за Кутињо – Барса во шок!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сопствениците на Ливерпул, Fenvej Sports Grup (FSG) преку официјално соопштение ја отфрлија секоја можност Бразилецот Филипе Кутињо ова лето да го напушти клубот.

Барселона за ѕвездата на Лиеврпул понуди 100 милиони евра, но „црвените“ експресно ја одбија таа понуда.

„Сакаме да го разјазниме нашето мислење во врска со можниот трансфер на Филипе Кутињо. Дефинитивниот став на клубот е дека ниедна понуда за него нема да биде разгледувана и дека Филипе ќе остане член на Ливерпул и кога ќе се заврши летниот преоден рок“, стои во соопштението на Ливерпул.

Претходно менаџерот Јирген Клоп изјави дека Кутињо не е на продажба, но сега ставот на сопствениците е повеќе од јасен.

Кутињо е главна трансфер цел на Барселона, па останува да видиме дали Каталонците во следните денови ќе испратат нова, подобрена понуда за Бразилецот.