Home Спорт Ливерпул носи голман од Бундес лигата

Ливерпул носи голман од Бундес лигата

Кој ќе го чува голот на Ливерпул следната сезона, е едно од најчестите прашања кое го поставуваат англиските медиуми.

После неубедливите настапи на Мињоле и Кариус, јасно е дека приоритет на „црвените“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на нов голман.

Јан Облак е премногу скап, Алисон е пред трансфер во Реал Мадрид, па Ливерпул сега има друга мета, а тоа е голманот на Вердер Бремен, Иржи Павленка.

Чешкиот голман одигра фантастична сезона во Бундеслигата и во 38 меча дири 10 пати ја зачува својата мрежа. Тој само пред една година пристигне во Вердер од Славија Прага за 3 милиони евра.

Павленка го привлече вниманието на неколку големи европски клубови, а Клоп смета дека би бил идеално решение за неговиот Ливерпул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…