Ливерпул му пресуди на Билиќ – еве кој ќе го замени


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англиските медуми тврдат дека поразот од Ливерпул на домашен терен ќе му пресуди на тренерот на Вест Хем, Славен Билиќ. Само 9 освоени бодови и 17-то место на табелата го натера раководството на „чеканите“ да размислува за смена на Хрватот.

„Морам да седнам со претседателот и да разговараме за овој пораз. Ова е втор последователен пораз на домашен терен, многу тешка ситуација за мене“, призна Билиќ после мечот.

Челниците на Вест Хем како наследник на Билиќ го сакаат бившиот тренер на Евертон и Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс на кого му понудиле шестмесечен договор. Негов помошник бил требало да биде Фил Невил, откриваат англиските медиуми.

Новиот тренер на клупата на Вест Хем треба да дебитира на 19-ти септември на гостувањето кај Ватфорд.