Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога судијата синоќа на Енфилд со првиот свиреж го означи почетокот на вториот натпревар од полуфиналниот дуел помеѓу Ливерпул и Барселона, сите, вклучително и самите фудбалери на Ливерпул, беа свесни дека на „Црвените“ им треба фудбалско чудо на теренот.
Бидејќи, за да ги анулираат трите гола предност на Барса од Шпанија и без да примат ниту еден во меѓувреме, да постигнат четврт гол кој ќе ги одведе во финалето од Лигата на Шампионите – сето ова, да повториме, против Барса – е еднакво на вистинско фудбалско чудо.
И фудбалерите на Ливерпул го направија токму тоа – вистинско фудбалско чудо, нормално, благодарение на одличната игра и неприкосновената доминација на теренот во двете полувремиња. Фудбалерите на Ливерпул го приредија еден од најголемите пресврти во поновата историја на Лигата на шампиони и се пласираа во финале.
После поразот од 3:0 на „Камп Ноу“ на момците на Клоп им беше потребно „чудо“, но успеаа да го направат „невозможното“ – ја победија Барселона со 4:0.
„Црвените“ од самиот старт веруваа и тргнаа фуриозно, па дојдоа до брзо водство уште во 6-та минута кога Ориги го матираше Тер Штеген. До крајот на првото полувреме Ливерпул напаѓаше, а Барса се закануваше преку контранапади, но мрежите мируваа.
Во второто полувреме за само пет минути Вајналдум постигна два гола и ја анулираше предноста на Барселона.
Во 79-та минута после еден „мудро“ изведен корнер Ориги остана сам, небранет од никого и го матираше Тер Штеген за 4:0, резултат кој го однесе Ливерпул во финалето.