Ливерпул испрати понуда за Донарума – Милан се насмеа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Многу клубови се поврзуваат со младиот чувар на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума, а последните иформации говорат дека би можел да заврши во Премиер лигата.

Цената од 70 милиони евра која ја бараат „росонерите“ за 19-годишниот голман ги натера претендентите како ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид да се откажат од негов ангажман.

Меѓутоа, најголем интерес во моментов покажува финалистот во Лигата на шампиони, тимот на Ливерпул.

Раководството на „црвените“ веќе имало состанок со неговиот менаџер Мино Раиола и се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра. Меѓутоа, Милан експрено ќе ја одбие истата бидејќи нема да му дозволи на својот „бисер“ да го напушти „Сан Сиро“ за сума помала од 70 милиони евра.

Италијанските медиуми тврат дека преговорите ќе започнат веднаш после финалето во Лигата на шампиони и дека двата клуба може да се договорат за трансфер „тежок“ 55 милиони евра плус бонуси.