Ливерпул е новиот фудбалски шампион на Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синоќа, во долгоочекуваното финале во Лигата на шампионите на „Ванда Метрополитано“ помеѓу Тотенхем и Ливерпул, трофејот од Мадрид го однесе Ливерпул кој славеше победа со 0:2.

После само 20-тина секунди Ливерпул доби пенал. Иако беше сомнително, главниот судија на сметаше дека има доволно аргументи и покажа на белата точка. Мохамед Салах ја превзема одговорноста и го доведе Ливерпул во водство.

После овој гол се очекуваше да гледаме супер интересно финале, но очекувањата не исполнија, се играше без многу шанси.

Второто полувреме донесе нешто поинтересна игра, а точка на натпреварот стави Ориги со голот во 88-та минута.

Ќе потсетиме Ливерпул минатата година изгуби во финалето од најелитното европско натпреварување од Реал Мадрид, а веќе оваа година успеаа да стигнат до трофејот.