Ливерпул блиску до големо засилување: Клоп со НЕГО прави тим за титула!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ријад Марез минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, но оваа сезона Алжирецот не е ниту блиску до формата во која настапуваше лани.

Поради тоа се погласни се најавите дека Марез по крајот на сезоната ќе го напушти Лестер, а како негова следна дестинација англиските медиуми го посочуваат Ливерпул.

Имено, менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп смета дека Марез е идеален напаѓач за неговиот тим и му порачал на раководството да го донесат на „Енфилд“.

Моменталната цена на Алжирецот изнесува околу 30 милиони фунти, сума која нема да биде проблем за „црвените“.

Марез минатото лето по освојување на историската титула во Премиер лигата имаше многу понуди од европски гиганти, пред се Арсенал, но на крајот остана во Лестер.