Ливаковиќ херој меѓу стативите – Хрватска му пресуди на Бразил во „пенал-рулет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога игра Хрватска очигледно не може поинаку освен да гледаме драма, продолженија и пенали.

Бразил доминираше од почетокот до крајот на четвртфиналниот дуел со Хрватска, се редеа шанси пред голот на Доминик Ливаковиќ кој веројатно покрај оној пенал рулет со Јапонија го играше мечот на кариерата.

Како бранеше Ливаковиќ доволно зборува податокот дека со осум одбрани беше хрватски голман кој имал најмногу одбрани на еден натпревар на Светско првенство.

По 90 минути игра Хрватска не упати ниту еден удар во рамките од голот на Алисон. И со таква игра во продолженијата можеа да дојдат први до предност. Бруно Петковиќ во една контра издрибла двајца Бразилци, додаде до Брозовиќ кој од одлична позиција лошо шутираше.

Казната стигна само неколку минути подоцна кога Нејмар, по една типична бразилска акција со Пакета го помина Ливаковиќ и ја смести топката во мрежата за 1:0. Тогаш Хрватска од целосна дефанзива мораше да почне да напаѓа.

Имаа среќа да го искористат втората сериозна прилика после онаа на Брозовиќ. Стрелец на голот беше Бруно Петковиќ во 117. минута.

Во првата серија Власиќ погоди, а Родриго промаши. Повторно блесна Ливаковиќ со уште еден одлично одбранет пенал. Втор за Хрватска реализираше Ловро Мајер, Касемиро беше прецизен за Бразил. Лука Модриќ не погреши и го матираше Алисон за 3:1, Педро намали на 3:2.

Асистентот за голот на Петковиќ, Орсиќ одлично го изведе пеналот за 4:2. Маркињос со огромен притисок на грбот застана на белата точка и ја погоди стативата за полуфинале на Хрватска.

Хрватскиот селектор Златко Далиќ разбирливо беше презадоволен од пласманот на Хрватска во полуфиналето со победата на пенали против Бразил.

За Хрватска ова е трето полуфинале на едно Светско првенство, но второ во низа откако во Русија пред четири години играа финале против Франција. Хрватите изгледаат како непобедливи во пенал серијата, така падна и Бразил денес пред нив.

„Оваа победа е за целиот хрватски народ. Секоја чест на дечките. Го исфрливме најголемиот фаворит. Ова е Хрватска, никогаш не не потценувајте – го кажав тоа и претходно!

Ова не е наш крај, продолжуваме понатаму. Сите го дадоа својот максимум. Уживајте хрватски бранители, ова беше и за вас, ние не сме нормални!“, изјави Далиќ по победата.

По овој пораз од Хрватска, клупата на Бразил ја напушти селекторот Тите.

Заминувањето на Тите прво го најави Фабрицио Романо, а потоа и самиот Тите изјави дека заминува.

„Ова беше болен пораз, но јас заминува во мир. Доаѓа крај на еден циклус“, изјави Тите.

Заминувањето на Тите не е поврзано со елиминацијата на Хрватска затоа што Тите уште пред Мундијалот најави дека заминува по Мундијалот.