Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Според завршните лекарски прегледи на волонтерите кои беа дел од клиничките испитувања на руската пробна вакцина против Ковид-19, регистрирано е присуство на имунитет и отсуство на нуспојави, објави руското Министерство за одбрана.
Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинација, се наведува во соопштението кое го цитира Танјуг.
„Нема нуспојави, ниту се регистрирани неправилности во телесните функции на волонтерите“, соопшти Министерството.
Конечниот лекарски преглед бил извршен во Главната воена клиничка болница Бурденко.
Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази од развојот и тестирањето на вакцините биле во целосна согласност со протоколот за клиничко испитување.
Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена после вакцинацијата и поминале сеопфатен медицински преглед, се наведува во соопштението.