Литар пиво и до 11 евра – во Минхен стартуваше 185. Октоберфест


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Почетокот на 185-тото издание на најпознатиот фестивал на пивото, „Октоберфест“, беше позначен со точење на првата кригла пиво.

Честа да ја наточи првата кригла со пиво ја имаше градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер и беше наменета за Маркус Зедер, гувернер на Баварија, кој нагласи дека „Октоберфест“ е веројатно најдобрата визиткарта на германската покраина на планетата.

Фестивалот ќе трае до седми октомври и во деновите дотогаш организаторите очекуваат околу шест милиони посетители. Агенцијата „Асошиејтед прес“ потсетува дека е забрането внесување на ранци и големи торби од безбедносни причини што беше случај и во претходните години.

Цената на пивото во меѓувреме нарасна за цели 55 отсто, па кригла од еден литар на годинашното издание на „Октоберфест“ ќе чини до 11,5 евра.