Home Актуелно Листата на држави со забрана за патување во САД проширена на осум земји

Листата на држави со забрана за патување во САД проширена на осум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата најави проширување на забраната за патување во САД, која ќе се применува на осум држави.

Администрацијата на Трамп изјави дека државите вклучени во забраната „не се доволно за да се спречи доаѓањето на терористите во САД“.

Забраната е проширена на Чад, Северна Кореја и Венецуела.

Покрај државите со муслиманско мнозинството, Иран, Либија, Сомалија, Сирија и Јемен, од 18 октомври влезот во САД ќе биде забранет и за жителите на Чад, Северна Кореја и Венецуела.

„Забраната за патување. Колку построга, толку подобра!“, изјави Трамп пред новинарите во Вашингтон во неделата вечер. Тврдејќи дека целта на забраната е да се спречат терористичките напади, но неговите критичари велат дека е поттикната од дискриминација. Врховниот суд на САД ќе расправа за новата забрана за патување на 10-ти октомври, според АФП.

„Да биде Америка безбедна ми е приоритет број еден. Нема да ги примиме во нашата земја оние што не можеме безбедно да ги провериме“, вели Трамп на Твитер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…