Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
19-годишната Лили-Роуз Деп, ќерка на славниот Џони Деп, во друштво на планетарно популарната Памела Андерсон позираа во жешка фото-сесија за „V Magazine“.
Актерката и модел со француски корени Лили-Роуз Деп ја сними својата прва фото-сесија на 15 години, и тоа за Chanel.
Брендот ѝ даде силен поттик на кариерата. Досега таа учествува во шест филмови, многу фотосесии и дури стана рекламно лице на легендарниот „Chanel №5 L”Eau“ во 2016.
Очигледно, ќерката на Џони Деп е исто толку провокативна и храбра како и самиот тој. Лили-Роуз позира за насловната на списанието гола, покривајќи ги градите.
Сепак, таа самата тврди: „Јас сум многу срамежлива, но актерската игра ми помага да излезам од мојата кожа и да бидам она што сакам“.
Памела Андерсон, која исто така зема учество во фото-сесијата со Лили-Роуз Деп, коментира: „Таа е свесна дека е уникатна и убава. Таа е невина, но е многу свесна“.