Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американската пливачка Лили Кинг постави нов свестки рекорд на патеката од 50 метри градно. Таа на последниот ден од Светското првнество во пливање исплива резултат – 29.40 секунди и за 8 стотинки беше побрза од досегашниот рекорд на Литванката Рита Мелуите.
Ова за Кинг беше трет златен медал на шампионатот, втор со светски рекорд (100 метри градно). На крајот на денот таа како дел од американската штафета 4 х 100 метри мешано освои уште едно злато со време на светки рекорд – 3:51.55 минути.
Трет златен медал освои и Сара Сјостром од Шведска, која победи во трката на 50 метри слободно (23.69 секунди), додека второ злато во Будимпешта освои и домашната пливачка Катинка Хосу, која беше најбрза во трката на 400 метри мешано со време на нов рекорд на светските првенства – 4:29.33 минути.
Кај мажите на 400 метри мешано исто со време на рекорд на светските првенства победи Американецот Кејс Калиш – 4:05.90 минути, а на 50 метри грбно најбрз беше Камил Лакур од Франција со време – 24.35 секунди.
На 1.500 метри слободно првото место му припадна на Италијанецот Грегорио Палтриниери, кој имаше време 14:35.85 минути.
На последната дисциплина на првенството машката американска штафета 4 х 100 метри мешано го освои првото место со време – 3:27.91 минути.