Славни

Лила Филиповска по трет пат го кажа судбоносто „ДА“!

ТВ водителката Лила Филиповска два пати досега го кажа судбоносното „ДА“, но беше безуспешно. Таа вчера на „Денот на вљубените“ по трет пат кажа „Да“.

„Дали да кажам „да“, гласи описот на фотографијата на која таа се пофали со прстенот на нејзината рака, а пак бројните следбеници и посакаа среќа и кажаа дека штом прстенот е веќе на нејзината раката, тогаш сигурно ја прифатила понудата.

Св. Валентин таа го дочека дома, а од саканиот доби многу ружи во форма на срце како и црвени балони.

Сепак, за овој важен ден од нејзиниот живот не откри кој е човекот што направи да се реши на ваков чекор, па останува мистерија кому му го подари своето срце.

Инаку, ова ќе биде трет брак за водителката, а од првиот пред 20-тина години го има својот син Филип.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top