Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатата македонска водителка Лила Филиповска денес утрово се појави во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, откако добила покана за распит за случајот „Рекет”.
Филиповска е блиска пријателка на Боки 13 и таа беше со него на денот кога полицијата го уапси на граничниот премин Богородица во обид да ја напушти државата.
Во истражната постапка за „Рекет“ до сега осомничени се три лица, а меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева која е во притвор.
Во притвор се и Боки 13 и Зоран Кичеец кој се прво и второ осомничени во постапката.