Ликвидација како на мафијашки филм во Старата скопска чаршија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За инцидентот кој вечерва се случил во Старата скопска чаршија, Макфакс пренесува детали дека околу пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафулето каде што се случил грозоморниот настан, ги таргетирале сега двајцата убиени и им пукале во глава.

Според неофицијалните информации кои ги пренесува Макфакс, повикувајќи се на информации од очевидци на крвавиот инцидент, кога вооружената група влегла, викала никој да не мрдне, посочувајќи дека станува збор за рација. Во моментот на пукањето, немало многу луѓе во барот.

Освен убиени, има и неколку повредени лица. Двајцата убиени биле во одделен дел на кафулето односно во горниот дел на објектот, во засебна канцеларија, каде што вооружената група ги затекнала. Овие неофицијални информации засега не можат да се потврдат, бидејќи од МВР велат дека се работи на настанот и со повеќе детали ќе излезат подоцна.

Околностите под кој се случил настанот укажуваат дека станува збор за однапред направено сценарио, со точно одредени жртви. Еден од нив е и наркобос од Грчец, Јетон Кривањева викан Жила. Неговото име во јавноста се поврзуваше и со други инциденти во минатото.

МВР објави првични детали за двојното убиство, пришто информираа за двајца убиени (Ј.К.) и (Е.И.) и едно повредено лице (А.Т.), кое е пренесено во болница за укажување лекарска помош.