Лига на шампиони во живо за време на расправата за недоверба на Владата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За време на собраниската расправа за недоверба на Владата на чело со СДСМ, во собранието паралелно фрчеа и политички, но и фудбалски напади и контра-напади.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја напаѓаа владината гарнитура на чело со премиерот Заев, а владејачкото мнозинство на СДСМ се бранеше и возвраќаше, пратениците на ДУИ, на мобилен, го следеа во живо натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус во рамки на Лигата на шампионите (фото извор: СакамДаКажам).

Истото го правеше и пратеникот Самка Ибраимовски, само што тој следеше фудбал на лаптоп.