Лига на Шампиони, Анализа на групите А,Б,Ц и Д, математика и калкулации


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во вторник ќе се одиграат последните натпревари од групната фаза во групите А, Б, Ц и Д во Лига на Шампиони. Има доста интересни натпревари, дуели со голема важност но и дуели кои немаат никакво значење. Во продолжение ќе ја објасниме математиката и варијантите за тоа кој има шанси за пласман во следната рунда. Кој има шанси за пласман во Лигата на Европа, а кој ќе ги заврши евро настапите.

Група А

Можеби Манчестер Јунајтед во последното коло доживеа пораз од Базел на големо изненадување на сите, но тие повторно се лидери и ќе завршат на првото место. Мурињо знае што прави, има големо искуство и е неверојатен стратег кога се работи за европски натпревари. Тие се домаќини на ЦСКА Москва која ќе треба да победи со шест гола разлика за да ги исфрли црвените ѓаволи од првото место. Во тој случај Базел ќе треба да ја совлада Бенфика, па Јунајтед да извиси. Тоа е невозможна мисија, пишува Кладење.мк.

Јасно во оваа група е дека Бенфика нема да продолжи со евро настапи и сега прашање е кој ќе оди во елиминациите на Лига на Шампиони. Исто така прашање е кој ќе оди во Лигата на Европа. Базел се наоѓа во пол позиција но мора да забележи подобар резултат против Бенфика, од ЦСКА против Манчестер. Бенфика нема никакви мотиви и веќе целосно се насочи кон домашниот шампионат. Затоа сметаме дека на Базел ќе му биде полесно отколку на ЦСКА.

Група Б

Париз Сен Жермен и Баерн Минхен имаат загарантирано прво и второ место во групата Б. Сепак французите уживаат во најдобар рекорд во оваа фаза од Лига на Шампиони во историјата. Тие постигнаа 24 гола, а примија само еден гол, но сега имаат тешко гостување во Баварија. Сепак мотивот е голем и се надеваат дека ќе ја завршат својата групна кампања со голем рекорд. Екипата на Јуп Хајнкес треба да…

ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.МК