Home Спорт Лига Европа: Пелистер, Шкендија и Работнички ги добија противниците!

Лига Европа: Пелистер, Шкендија и Работнички ги добија противниците!

Македонските претставници во Лига Европа на денешната жрепка во Нион ги добија противниците во второто квалификациско коло.

Само Работнички имаше среќа во жребот, Пелистер доби тежок противник, а Шкендија ривал кој не е непремостлива пречка.

Работнички настапите во Лига Европа ќе ги почне против Тре Пене од Сан Марино. „Романтичарите“ се апсолутни фаворити во овој двомеч.

Актуелниот освојувач на Купот, Пелистер, го доби најтешкиот ривал, полски Лех Познан, додека Шкендија ќе игра против молдавска Дачија.

Првите мечеви ќе се одиграат на 13 јули, а реваншите една недела подоцна. Работнички во првиот меч ќе биде домаќин, додека Пелистер и Шкендија ќе гостуваат во Полска, односно Молдавија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…