Лига Европа: Лондонски дуел за европска слава


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во финалето на Лига Европа ќе следиме и дуел поеѓу два одлични менаџери, Сари и Емери. Сари си остана доследен на неговиот стил на игра и покрај многуте негодувања и сега има шанса да докаже дека е на вистинскиот пат. Емери пак има шанса да го освои четвртиот трофеј во Лига Европа, нешто што тешко дека некој друг ќе може да го повтори.

Сари може да докаже дека ова е вистинскиот пат

Статистиките укажуваат на тоа дека менаџерите не траат многу долго во Челзи во последно време. Откако Жозе Мурињо го напушти тимот и покрај тоа што Челзи со него ги постигна најголемите успеси, никој не успеа да остане три години во улога н аменаџер на сините. Освен тоа, никој не стигна до 150 натпревари како тренер на тимот. Но сепак, ова е и клуб кој имаше голем успех. Во 21-от век, Челзи освои пет титули во Премиер Лигата, Лигата на Шампионите, Лигата на Европа, шест ФА-купови и три Лига Купови.

Маурицио Сари може да биде последниот шеф на Челзи кој ќе го додаде неговото име во историјата на тимот. Откако пристигна од Наполи следеа многу разговори за промена на стилот на игра на клубот, но Сари остана верен на своите методи и покрај постојаните критики.

Тој успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, завршувајќи над Манчестер Јунајтед и Арсенал во лигата. Беше поразен но на пенали во големото финале на Купот на Англија и тоа од Манчестер Сити и стигна до финалето на Лигата на Европа.

Челзи освои 16 поени во групната фаза и победи во сите нокаут натпревари освен оние дуели од полуфиналето против Ајнтрахт Франкфурт. По крајот на двата меча беше 1:1, па Челзи на пенали се пласираше во финалето.

Мал проблем за Сари предизвикуваат повредите: Антонио Рудигер, Калум Хадсон-Одои, Рубен Лофтус-Чик сигурно нема да играат. Но се повреди и Н’Голо Канте па тешко е да се верува дека ќе може да настапи на финалето.

Едем Хазард беше ретко употребуван во Лига Европа, но сега се очекува да блесне во она што најверојатно ќе му биде последен настап за Челзи.

Емери знае како да игра во финале

Многумина велат дека убавината во фудбалот е нападот, атрактивнаа игра и слично. Но вашата проценка на последните неколку сезони на Арсенал многу зависи од тоа што сметате дека е важно во фудбалот. Топџиите не успеаја да подигнат сериозен трофеј во последните години и поминаа неколку сезони многу далеку од трофејот од Лигата на шампионите, но го освоија ФА Купот во 2014, 2015 и 2017 година. Затоа атрактивната игра е можеби фина за око, но очигледно не носи трофеи.

Ако го освојат трофејот на Лигата на Европа во Баку, не само што ќе додадат уште еден голем трофеј во својата колекција, туку и ќе освојат златен билет за Лигата на шампионите. Победата во главниот град на Азербејџан ќе му даде Унаи Емери на блескава стартна кариера како тренер на Арсенал, туку многу повеќе од тоа. Тој по четврти пат ќе ја бара круната на Лига Европа, освојувајќи го трофејот три сезони со Севиља. Емери беше сталожен цела сезона, јавно уживаше во долги патувања во источна Европа, додека други менаџери жестоко се пожалија на тоа.

Арсенал беа импресивни во групната фаза (тие освоија 16 поени од шест натпревари), но имаа некои грешки на патот низ нокаут фазата. Во дуелите против БАТЕ Борисов и Рен, тие ја изгубија првата средба пред да слават на Емирати. Сепак, Топџиите го поминаа четвртфиналето и полуфиналето, освојувајќи ги сите четири натпревари против Наполи и Валенсија.

Сите седум гола кои беа постигнати во двата меча против Валенсија беа постигнати од страна на Александар Лаказет или Пјер-Емерик Аубамејанг и иако Емери тргнува со идејата да започне со само еден од нив, може да се реши да стартува со двајцата овој пат.