Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Компјутерскиот експерт, професорот Јан Гент, и неговиот тим од Универзитетот Свети Ендрус, нудат награда од еден милион долари на оној кој ќе успее да смисли програма која ќе ја реши „Загатката на кралиците“. Пред јако да се попалите по парите, иако овој натпревар е отворен за сите, немојте да мислите оти загатката е едноставна, освен ако не сте експерт за програмирање, вели Unilat.
Настаната во 1850 година, „Загатката на осумте кралици“ вклучува осум фигури на шаховската табла. Поточно, осум кралици. Задачата која е поставена пред играчите е на стандардна шаховска табла да се постават осум кралици така што ниту една да не може да ја нападне било која од другите. Тоа значи поставување на кралиците во различни редови така што две кралици да не можат никако да се сретнат дијагонално. Самата загатка е решена, но сите компјутерски програми посветени на загатката неславно потфрлиле.
Гент и неговите колеги веруваат дека компјутерската програма што ќе ја реши оваа загатка би можела да биде толку софистицирана, што ќе ги реши повеќето останати загатки, како декриптирање на најтешките безбедносни софтвери на светот.
„Ако можете да напишете програма која може да ја реши оваа загатка брзо, можете да ја прилагодите да ги решава повеќето најважни проблеми кои ја мачат денешницата. Тоа вклучува и тривијални загатки како да ја најдете најголемата група ваши пријатели на Фејсбук кои не се познаваат меѓусебно, но и поважни и посериозни загатки како пробивање на кодови кои ги обезбедуваат вашите онлајн трансакции“, вели Гент.
Причината поради која е тешко да се напише оваа програма е големиот број на варијабли кои се вклучени во истата. Поради тоа може да бидат потребни и неколку години додека програмата конечно не се реализира.
„Во пракаса, никој не бил ни блиску до решавање на задачата за ваква програма“, вели Питер Најтингејл.
Ако ве интересира овој предизвик и мислите дека можете да ја напишете таквата програма и да го соберете милиончето, можете да ги контактирате Clay Mathematics Institute во Америка.