Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од Италија пристигнуваат информации дека неименувано лице побарало еден милион евра од најголемите медиуми тврдејќи дека има фотографии од моменталната ситуација на Михаел Шумахер.
Легендарниот германски возач е далеку од очите на јавноста од 2013 година кога доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи.
Семејството и неговата сопруга не откриваат скоро ништо за тоа во каква состојба е Шумахер. Исто така само ретки личности имаат можност да го видат Михаел.
Токму затоа личноста која го фотографирала и снимала Шумахер е многу блиска до семејството. Намерата наводно била да покаже на целиот свет како изгледа Шумахер, а од тоа и добро да заработи.
Семејството знаело за кого станува збор и не е изненадено, но засега јавно не го открива неговиот идентитет. Сепак, засега медиумите во Италија се на ставот дека не сакаат да ги откупат фотографиите и да објават нешто кое семејството не сака да се објави.