Личниот став на Ајнштајн за Бог чини 3 милиони долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рачно напишаното писмо од Алберт Ајнштајн во кое генијот го искажува својот личен став и објаснување за постоењето на Бог на аукциско наддавање достигна цена од 2,89 милиони долари.

Писмото беше продадено на аукциско наддавање организирано од Christie’s во Њујорк каде ја достигна споменатата цена која е двојно повисока од онаа која се очекуваше дека ќе ја достигне.

Славниот Нобеловец го напишал ова писмо на 74 годишна возраст и му го пратил на познатиот германски филозоф Ерик Гуткинд, како одговор на еден од неговите трудови.

Писмото кое се вика ,,писмо до Господ” се смета дека е важен документ за вечната дебата меѓу науката и религијата. Во писмото, Ајнштајн на германски јазик ги појаснува своите ставови за Господ.

„За мене зборот Господ не е ништо повеќе од израз и производ на човековата слабост. Библијата е колекција на уважени , но сепак доста примитивни легенди.Ниедна интерпретација, независно колку е суптилна, не може тоа да го измени“, напиша Ајнштајн.

Тој во писмото се осврнува и на своето еврејско потекло за кое вели дека е ,,како сите други религии , инкарнација на примитивно празноверие”.

„Еврејскиот народ на кого со задоволство му припаѓам и во чиј менталитет сум длабоко навлезен , за мене нема никаков друг вид дигнитет, кој го немаат и другите народи”, напишал Ајнштајн во познатото писмо.