Личен тест кој ќе ви открие дали имате цврста љубовна врска или треба да раскинете


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лесен, едноставен тест во неколку чекори можеби ќе ви помогне да откриете дали е време да ја прекинете врската.

Прво, треба да направите листа со добри и лоши страни на партнерот. Напишете ги позитивните особини на вашиот партнер во една колона, а веднаш до неа напишете ги негативните особини и сето она што не ви се допаѓа.

Потоа, едноставно погледнете. Која колона е подолга?

Во прилог, погледнете ја листата на анонимна жена која со помош на овој тест сфатила како вистински чувствува дека треба да постапи:

Добри страни на партнерот:
1. Тој е нежен
2. Има добра работа
3. Тој е финансиски стабилен
4. Тој е романтичен
5. Тој е мил и културен
6. Може да ме насмее
7. Нема претходен брак или деца
8. Ме исполнува

Лоши страни на партнерот:
1. Нема вистински пријатели
2. Тој е анксиозен
3. Не сака да патува
4. Не е авантурист
5. Тој е песимист
6. Тој е себичен
7. Зборува секогаш само за своите проблеми
8. Споделува интимни детали за претходните партнерки
9. Тој е посесивен
10. Сака да контролира

Во случајот на оваа жена, листата со негативни особини е подолга.

Следниот чекор е да составите листа од 10 најважни приоритети во вашиот живот. Потоа, напишете ”ДА” или ”НЕ” до секое, според тоа дали партнерот ги исполнува.

Пример:
1. Патување – НЕ
2. Дарежливост – НЕ
3. Комуникација – НЕ
4. Романтика – ДА
5. Пријателство – НЕ
6. Секс – ДА
7. Слобода – НЕ
8. Доверба – НЕ
9. Стабилност – ДА
10. Комплименти – ДА