Либералната партија ги усвои кандидатските листи за претстојните избори


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На синоќешната седница на Централниот комитет, ЛП ги утврди листите на кандидати за претстојните предвремени избори.

Претседателот Ивон Величковски е носител во првата, потпретседателот Кире Бузлиев во втората, Даница Јованова од Кавадарци во четвртата, а економистите Данчо Марковски од Велес и Кице Мицковски од Ресен се носители во третата и петтата единица.

Извршниот комитет е овластен да ги утврди евентуалните листи на кандидати за изборните единици 6 и 7.

Доста беше нечујност и невидливост. Доста беше балансирање со туѓите на сметка на политиките, понудата и ставовите на Либералите. Сега секој што ќе ја поддржи Либералната платформа, поддржува јасна платформа на граѓански блок во кој поддршката ја дава лично и несебично, на основа на анти-популизам, реализам и одржливост. На основа на она што го гледа и чувствува, без поткуп, закана или притисок. Затоа што така сака. И затоа што ќе ја брани слободата на свој избор.

Доволно беше одење во интерес на туѓи партиски елити. Доволно сносевме одговорност за туѓи грешки. Сега е до нас, или ќе успееме, или ќе успееме. Нема алтернатива. Нашата борба е консолидирана Македонија. А неа може да ја донесат луѓе само без претходни флеки, иако нема да ме изненади да се обидат да не внесат во нивните валканици. Бидете внимателни и отпорни. Пробале да не поткупуваат, да не заплашуваат, не успеале. Затоа сме денес тука каде што сме.

Од овие причини немаше основа за соработка со партиите кои политиката сакаат да ја водат како и сега. Директно речено, не сакаме да учествуваме во партискиот поредок на големите што мора да го срушиме. Затоа што тој поредок е основата за кризата што ја живееме континуирано, рече претседателот а партијата Ивон Величковски.

Тој ги повика, како што рече, не само либералите и неопределените, туку и сите оние кои кои сметаат дека е потребна опозициска политика за победа на власта, а не за кохабитација со власта.