Lexus LS 500 F Sport – спортски фраер со импресивен дизајн


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На саемот на автомобили во Њујорк „Лексус“ ја претстави спортската верзија на својата топ лимузина.

Моделот Lexus LS 500 F Sport е наменет за оние кои од оваа престижна лимузина сакаат да добијат повеќе спортски дух, како во поглед на дизајнот, така и во самото возење.

Веќе на прв поглед се истакнуваат деталите на каросеријата што на автомобилот му даваат динамичен изглед, како што се црните украсни елементи на предниот браник, аеродинамичните додатоци на ексклузивните 20 инчни алу фелни.

Верзијата Lexus LS 500 F Sport е достапна во две погонски варијанти, со конвенционален бензински мотор и со хибриден систем.

Првиот модел силата ја добива од 3,5 твин-турбо В6 агрегат, со 415 кс, додека вториот е опремен со комбинација на бензински и два електромотора, а вкупната сила на погонскиот систем изнесува 354 кс.

Во чистата бензинска варијанта моторот е поврзан со десетбрзински автоматик, силата се пренесува на задните тркала, а автомобилот од 0 до 100 километри на чаc забрзува за само 4,5 секунди.

Освен козметичките спортски додатоци, Lexus LS 500 F Sport, исто така, има и унапредени запирачки и спортски приспособено воздушно потпирање.

Оние кои ќе се одлучат за хибридната верзија ќе добијат нешто послаб, но економичен автомобил, што покрај 3.5-литарскиот В6 бензинец има и два електромотора и литиум-јонска погонска батерија.

Преносноит систем е нешто посложен и се состои од комбинација на четирибрзински автоматик и ЦВТ менувач. Овој двоен менувач може да работи и во мануелен мод, кога дава десет степен пренос. Хибридниот Lexus LS 500 F Sport од место до стотка стигнува за сосема задоволителни 5,4 секунди.