Левица го обвинува Талат Џафери за „исчезнување“ на нивните амандмани на Законот за лични карти


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев, обвинува за „губење“ на нивните 1.800 поднесени амандмани за Законот за лична карта кои исчезнале при преносот од собраниската архива до Кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери.

„Амандманите на Левица за Законот за лична карта ‘исчезнале‘ при преносот од собраниската архива до Кабинетот на Џафери? Дечки, се врти колцето бе. Утре вие ќе бидете опозиција, а ние власт. Тогаш ќе ви поставиме канти во ходник и сами ќе си ги фрлате. Ич да не се мачиме. Фараоне Џафери, ќе кркнеш уште една кривична пријава за узурпација на уставното право на пратеник да предлага амандмани. Си се зафркнал ако мислиш дека со нас вака можеш да се зафркаваш“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Тој се обрати по повод носењето Закон за државјанство со „европско знаменце“.

„Во 14:00 часот е закажана Комисија за политички систем, имаме поднесено околу 1.800 амандмани. Ги поднесовме грижливо, точно според Деловникот, известени сме дека не се проследени. Се обидете ли да направите ШВЕРЦЕРАТ, пратете таму обезбедување, бидејќи Комисија нема да има. Не може само за великоалбанскиот шовинизам да има право на амандмани во ова Собрание! Сакате војна? – Ќе добиете војна!” – кажа Апасиев.